Територијата на Дојранско за време на Првата Светска војна се наоѓала фронтовската линија. Овде има и расоредени бункери од Првата Светска војна, но често се наоѓаат и остатоци од експлозивни материјали.
Во Полициското одделение Нов Дојран, на 7 мај било пријавено дека во дворно место на ул. „Антон Панов“ во Нов Дојран била пронајдена експлозивна направа, која ден подоцна била безбедно подигната и отстранета од експерти за пиротехника на Дирекцијата за заштита и спасување.
– „На 08.05.2024 бил извршен увид на местото, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за граната со калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна и која била безбедно подигната“, соопшти МВР.