Во времето на Титова Југославија, денешниот ден 25 мај се одбележуваше како Ден на младоста.
Карактеристично за празникот беше Штафетата на младоста која претходно поминуваше низ повеќето градови ширум републиките во состав на СФРЈ носена од илјадници младинци и од рака во рака поминуваше траса долга 9.000 километри. Започна во победничката 1945 година, заврши 1988 година.
Во тој период редовно „Штафетата на младоста“ поминуваше и низ Гевгелија. Ја дочекуваа војници, припадници на ЈНА, ја превземаа младинци, ученици и редовно на свечена бина во центарот на Гевгелија се читаше „Поздравно писмо“ со честитки за роденденот и долг живот до Претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито.
Честит празник младино, на тие кои се сеќавате на овој ден и убавината на тоа време!
Фото: Дочек на Штафетата на младоста во Гевгелија – 70-те години на XX век
На бината (од десно на лево): војник кој ја држи штафетата украсена со цвеќе, полковник Ѓорѓе Чаневиќ, старешина на гарнизонот на ЈНА во Гевгелија, Јованка Дојранлиева која го чита поздравното писмо до ТИТО и Ангел Алчинов претседател на ССММ за Гевгелија