Веќе 22 часа како трае делириумот на спортско Богданци со победата на ФК „Вардарски“ над тимот на „Кораби“ со резултат 3:2 во бараж и остварениот одамна посакуван влез во ВТОРАТА Македонска фудбалска лига.
Оваа радост се чекаше 27 години, што ќе се рече од минатиот век, од 1997ма кога „Вардарски“ се натпреваруваше во ВМФЛ во периодот од 1993 до 1997. Во новиот век, новите дечки на тренерот Бојан Каракамишев ги направи богданчани нови славеници на второлигашкиот фудбалски камбек.
Тренерот на ФК Вардарски, Бојан Каракамишев за „М Нет“ изјави: – „Вардарски се врати во Втора лига, во Богданци ќе се слави!“
Гол во 75-та минута од пенал го однесе богданскиот тим во ВТОРА Македонска фудбалска лига. Стрелец на победничкиот гол беше капитенот Славе Танов од пенал за победа на Вардарски и пласман во Втора лига!
Адам Стојанов беше двоен стрелец за Вардарски, а еден гол постигна капитенот Славе Танов. За фудбалерите од Дебар головите ги постигнаа Ујкан Муча и Фатјон Леши.
Вака се радуваа богданчани на социјалните мрежи:
Честитки за „Вардарски“!