Славеичкото лудило во Аргентина за освоениот златен трофеј на фудбалскиот Мундијал во Карат 2022 не стивнува.
Толку очекуваната аргентинска прослава го достигна врвот на несмислени реакции од фановите на фудбалот.Над милион навивачи се собраа на улиците во Буенос Аирес, но она на што наидоа играчите и стручниот штаб на „гаучосите“ ги изненади сите безбедносни сили.
Тимскиот автобус на Аргентина тргна од седиштето на Федерацијата пред точно четири и пол часа, но за тој период, успеа да мине само 14 километри, пред да стане јасно дека ќе биде невозможно да се пробие толпата.
Нетрпеливите аргентински фанови почнаа да прават глупости и од мостови да се фрлаат директно во тимскиот автобус, по што играчите беа евакуирани со неколку хеликоптери.
Тоа се покажа како единствен начин да се избегне неверојатниот хаос кој е настанат на улиците, на кои се проценува дека има нешто повеќе од 4 милиони аргентински фудбалски фанови.