После пет години студиска пауза, српската пејачка Марија Шерифовиќ ги израдува своите фанови објавувајќи ја песната и спотот „Dobar vam dan“.
Марија изјави дека со оваа песна им се обраќа на сите луѓе кои живеат во свет кој наликува на џунгла. Во хаосот на неправдата, лагите, во свет каде што нема милост и разбирање за незаштитените и различните.
– „Добар ви ден во она што ви остана од животот, во густата мрежа на измами, масовна хипноза и лаги каде и да погледнете. Добар ви ден во темнината, каде само љубовта го осветлува животот и го покажува патот.
Добар ви ден во нова можност самите да го заслужите сето она што се освојува само со лична храброст и вашиот талент. Среќна Нова година и онаа следната… Ако ја има!“, изјави Марија.
Марија Шерифовиќ се прослави со победата на Евровизија 2007 година со песната „Молитва“. Својот нов албум таа го најави за на есен 2023, но на изненадување на многумина, регионалната музичка ѕвезда претпразнично ги почеси своите обожаватели со нова песна напишана од Дарко Димитров и Леонтина Вукомановиќ.