Познатиот хрватски пејач Масимо Савиќ почина на 61-годишна возраст по кратко боледување во Загреб, а тажната вест ја потврди и „Aquarius Records“.
Емотивна порака за загубата објавија неговата сопруга Ени и ќерката Мирна на социјалните мрежи.
– „По кратка, но херојска борба не напушти нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ. Иако го напушти овој свет, засекогаш ќе живее во нашите души, насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ќе бидеме твои девојки засекогаш. Ани и Мирна“, гласеше нивната објава.
Масимо е роден на 6 јуни 1962 година во Пула, а средното образование го завршил во Загреб, каде што ја започнал својата музичка кариера.
Важеше за еден од најпрепознатливите и најемотивни вокали на некогашната југословенска музичка сцена. Кариерата ја почна како фронтмен на њу вејв/синт-поп групата „Доријан Греј“, со која сними два албума во првата половина на 1980-ите, пред да продолжи како соло пејач.
Слава му!