Младите членови и волонтери на Црвениот Крст од Гевгелија повторно во еуфорична акција за разубавување на празниците и споделување добри желби до сите од нашата заедница.
„Во Гевгелија владее маѓија, онаа на среќната младост“, „Топлата клима во Гевгелија топли и најстудени срца“, се дел од пораките испишани на лампионите кои ја красат „Елката на желбите“ во центарот на градот. И останатите лампиони се со симболични пораки за подобар живот, здравје, среќа и љубов за секого.
Годинава стотиците волонтери на ЦК Гевгелија испишаа над 4.000 работни часови волонтирања, бројни акции реализирани со програмата на ЦК Македонија и ЦК Гевгелија, донаторски акции, посети, итерактивни настани, цртање на мурали, со цел да не’ потсетат дека и тие се тука и постојат за да споделат добрина кон сите, „Секаде за секого“
Ако направија елка на желбите лани, па и годинава, тоа значи дека тие имаат намера освоените вредности во своето работење да ги одржуваат како традиционален симбол на волонтерството за Среќни Новогодишни и Божиќни празници!