Радоста на најмалите од добиеното новогодишно пакетче и годинва не изостана во аранжман на општина Гевгелија.
Денеска беа поделени 350 новогодишни пакетчиња за децата од социјално ранливи семејства, штитениците на Дневниот центар за социјални работи при ЦСР Гевгелија наменет за лица со посебни потреби, како и на првачињата во основните училишта во општината.
Пакетчињата се донација од фирмата „Ветеринар“ од Гевгелијаи, а беа поделени од страна на Градоначалникот Сарамандов и претставник од фирмата „Ветеринар“.
Радоста ја почувствуваа 50 дечиња од социјално ранливи семејства од Општината, 20 штитеници на Дневниот Центар и 220 првачиња од општинските основни училишта. Кого се израдуваа градоначалникот и претставникот од „Ветеринар“ со останатите 60 пакетчиња, тие си знаат.
Инаку „Ветеринар“ и минатата година како општествено одговорна компанија ги обезбеди новогодишните пакетчиња за радост на децата од Општината, кои беа поделени на најмалите во училиштата повторно од името на Општина Гевгелија.
Новогодишни пакетчиња беа поделени и на децата во Прдејци кои вчера, во новоизградениот културен дом во Прдејци, изведоа пригодна Новогодишна претстава за своите родители, сограѓани. Донатор на пакетчињата за децата од детската градиинка „Развигор“ и од подрачното основно училиште обезбедија фирмите „Интер констракшн“ и „Романса“.
Со сласт да им се радувате на празниците дечиња, а Дедо Мраз да ви донесе уште повеќе!