четврток, 2, февруари 2023
  • За нас
  • Реклами
  • Кариера
  • Контакт
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • Login
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home SHOWBIZ

Почина филмската легенда Џина Лолобриџида

Беше наречена „најубавата жена на светот“ – по насловот на еден од нејзините филмови, почина во Рим на 96-годишна возраст

јануари 16, 2023
in SHOWBIZ
0 0
0
SHARES
257
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Џина Лолобриџида, која со децении го претставуваше италијанскиот стереотип за медитеранска убавица и беше наречена „најубавата жена на светот“ – по насловот на еден од нејзините филмови, почина во Рим на 96-годишна возраст.

Филмската кариера ја започна во 1946 година, а животот го поминала во Рим. Некои од нејзините најзначајни филмови се „Леб, љубов и соништа“, „Кралот, кралицата и слугата“, „Сервантес“, „Трапез“, „Царската Венера“, „Ѕвонарот на Нотр Дам“.

Related posts

Уметницата Добрила Чабриќ – македонското „чудо од баба“ денеска полни 95 години

Уметницата Добрила Чабриќ – македонското „чудо од баба“ денеска полни 95 години

февруари 1, 2023
Серијата „Камионџии“ полни 50 години

Серијата „Камионџии“ полни 50 години

јануари 14, 2023

Таа глумеше со други големи актерски имиња, вклучувајќи ги Шон Конери, Марчело Мастројани, Рок Хадсон и Хемфри Богарт.

Кога ја напушти филмската кариера, таа се занимаваше со фотографија и политика во текот на 1960-те. Беше филмско лице кое добиваше премногу внимание можеби затоа што не го ни бараше. Добиваше хонорари енормно големи, можеби затоа што и не размислуваше за парите. Беше мултиталентирана уметница и симбол на женственоста.

Животната приказна на Лолобриџида покажува дека привлечноста и убавината можат да го комплицираат животот – таа постојано била мета на измамници кои сакале да го искористат нејзиното име и богатството стекнато за време на нејзината најголема слава.

На 94 годишна возраст таа го раскина договорот за наследство на својот син и го ополномошти 34 годишнио Андреа Пјацола да располага со нејзиниот имот. Но синот поднесе тужба дека Пјацола ја изманипулирал неговата стара мајка па судот ги замрзна средствата и и’ остави онолку колку за животни трошоци.

Џина Лолобриџида е родена како Луиџина и е втора од четирите ќерки на проводителот на мебел во малиот град Субјако, во римскиот регион Лацио, во Италија. По воените удари, кои ја затекнале Луиџина во тинејџерските години, таа својата најрана младост ја поминала во скромни услови, со оглед на тоа што целата поразена Италија била принудена на штеди.

Сепак, нејзиниот подоцнежен пресврт не сугерира дека некогаш малата Џина патела. Тоа за неа едноставно бил животот. Како што било и неколку години подоцна, кога во потполност доживеал пресврт. Само што започнала со студиите по цртање и вајарство на познатата Академенија на убави уметности во Рим, ја забележал ловецот на таленти, познатото италијанско филмско студио Чинечита, кое во тие години било многу популарно во светски размери. Здогледувајќи ја младата Џина, агентот веднаш сфатил дека нејзината ведрина и неверојатна физичка привлечност е онаа медитеранска енергија која е потребна за понижената Италија да се крене на пиедесталот во очите на целата планета.

  • „Го одбив неговиот повик за аудицијата, но тој инсистираше да одам. На разговорот со директорите и продуцентите од студиото не сакав да ја прифатам улогата, меѓутоа тие повторно инсистираа за да се предомислам. Ја замолија мојата мајка да ме убеди велејќи и дека ќе добијам хонорар од илјада лири. Јас на тоа одговорив дека мојата цена е милион лири, мислејќи дека ќе се насмеат и конечно ќе ме пуштат да си одат по својот пат, но тие се сложија“ – се присетува Џина во едно од своите интервјуа.

Иако немала таква намера, со својата постапка одбрала правилно. Ла Лоло, како што самата себе се нарекувала, добивала сѐ, бидејќи за ништо не обрнувала внимание.

– „Многу рано станав популарна и никогаш ништо не мораше да барам. Требаше само да кажам да, бидејќи секогаш ми даваа многу повеќе. Во еден момент мојот договор со студиото беше таков што мене ми припаѓаше 10% од вкупната заработка на фирмата, а имав право и да ги одберам останатите актери, режисери и сценариото.“

На почетокот на 70-тите, таа ги напушти кината за да стане фотограф, но нејзината жед за живот ќе ја однесе на друго место: таа се испроба да биде скулптор и го обиколи светот со своите изложби. Нејзиниот личен живот е многу поболен: таа се омажила само еднаш во 1949 година за словенечкиот лекар Милко Шкофиќ, со кого имала син и од кого се развела во 1971 година.

Кога наполнила 90 години, открила дека била силувана на многу млада возраст и истакнала дека оваа болка го одбележала целиот нејзин живот.

Живеела во Рим, а зимскиот дел од годината го поминувала во својата вила во еден швајцарски ски-центар.

 

ShareTweetShareSend

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Се’ минува во животот, но не и мирисот на родителската љубов

Се’ минува во животот, но не и мирисот на родителската љубов

2 недели ago
Изведена прва трансплантација на црн дроб во Македонија

Изведена прва трансплантација на црн дроб во Македонија

2 месеци ago
Новогодишна ноќ во Гевгелија без труења од алкохол, но со едно тешко повредено лице

Новогодишна ноќ во Гевгелија без труења од алкохол, но со едно тешко повредено лице

4 недели ago
Најголемиот хит на АББА отстапен за хуманитарни цели

Најголемиот хит на АББА отстапен за хуманитарни цели

4 недели ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Uncategorized
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Уметницата Добрила Чабриќ – македонското „чудо од баба“ денеска полни 95 години
  • Јасмина од Гевгелија ја надмудри болеста и по втор пат стана мајка
  • Лишени од слобода двајца дилери на дрога од Гевгелија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Uncategorized
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Уметницата Добрила Чабриќ – македонското „чудо од баба“ денеска полни 95 години

Уметницата Добрила Чабриќ – македонското „чудо од баба“ денеска полни 95 години

февруари 1, 2023
Јасмина од Гевгелија ја надмудри болеста и по втор пат стана мајка

Јасмина од Гевгелија ја надмудри болеста и по втор пат стана мајка

февруари 1, 2023

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Home

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?