Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија при СВР Струмица спроведоа превентивна активност со учениците од петто и шесто одделение во основното општинско училиште “Кирил и Методиј“ во село Стојаково, општина Богданци, кое спаѓа во сверата на надлежност на ОВР Гевгелија.
Активноста беше спроведена во ООУ „Кирил и Методиј“ во текот на вчерашниот ден, 12 април.
Притоа, на учениците им беа презентирани основните сообраќајни правила и прописи поврзани со нивното учество во сообраќајот – првенствено како пешаци, но и како учесници со велосипеди, или со тротинети и електрични мопеди.
Посоебно внимание се посвети на значењето и функциите на хоризонтална и вертикална сигнализација во сообраќајот, како и на превенцијата и безбедноста каде што најважно е правилното едуцирање и почитувањето на сообраќајните правила и прописи.
Учениците покажаа интерес и внимание за оваа превентивна едукативна средба со претставниците на безбедноста во сообраќајот.