Незаборавното јагнешко од „Јавор“ Мрзенци ги намами на гурманска посета и познатите фудбалски легенди Дарко Панчев и Дејан Савичевич – познати како клубски колеги во „Црвена Звезда“ во далечната 1991 кога југословенскиот тим стана шампион на Европа.
Двајцата играчи, Дарко како нападен играч и Дејан како среден играч во првата постава на тимот на 29 мај 1991 година го остварија најголемиот успех на југословенскиот фудбал,„Црвена звезда“ го освои златниот трофеј на финалето на Купот на европските шампиони.
Задоволството е големо! насмевките кажуваат се!
И овие фудбалски великани ги нагости газда Перо со надалеку прочуеното печено јагнешко од гостилница „Јавор“ Мрзенци.
Не можете да им замерите за гурманлакот. Може само да посакате и на други да им раскажат за сласното доживување и неодоливата трпеза на крајниот југ од Македонија во гевгелиско Мрзенци.
За фудбалските заслуги, мало потсетување: После 120 минути игра во финалето на Купот на Европските шампиони немаше голови на стадионот „Сан Никола“, а одлучувачкиот победнички гол за европска титула го имаше Панчев.