сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Канадската автомобилска компанија „Магна“ отвара фабрика во Македонија

Нови 600 работни места ќе бидат отворени за околу една година со новата инвестиција на канадската компанија „Магна“, која по отворањето на фабриката во Струга, денеска официјално го означи почетокот на својата втора инвестиција во Штип

мај 11, 2023
in MАКЕДОНИЈА
Канадската автомобилска компанија „Магна“ отвара фабрика во Македонија
0
SHARES
134
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Нови 600 работни места ќе бидат отворени за околу една година со новата инвестиција на канадската компанија „Магна“, која по отворањето на фабриката во Струга, денеска официјално го означи почетокот на својата втора инвестиција во Штип.

Според премиерот Димитар Ковачевски, денешниот настан е доказ дека во земјава има поволна бизнис клима за привлекување на странски инвестиции и за развој на постоечките странски инвестиции.
– „Оваа инвестиција ја надополнува листата на најзначајните големи инвестиции од светски реномирани компании кои ја одбираат токму нашата земја како нивна инвестициска дестинација. Ова е јасен сигнал дека Македонија нуди поволен и предвидлив деловен амбиент за компаниите за нови инвестиции. Тоа е резултат на нашите стратешки политики како што е членството во НАТО и почетокот на преговорите со Европската унија“, рече Ковачевски.

Related posts

Орден „8 Септември“ за Светлана Мојсов, македонски научник која го откри лекот Оземпик

Орден „8 Септември“ за Светлана Мојсов, македонски научник која го откри лекот Оземпик

септември 27, 2026
ОЈО ГОКК: Истрага за царинска измама со цигари – штета на Буџетот од над 250 милиони денари

ОЈО ГОКК: Истрага за царинска измама со цигари – штета на Буџетот од над 250 милиони денари

септември 26, 2026

Доаѓањето на познати странски компании, како што рече Ковачевски, значи повисок инвестициски рејтинг на државата, отворање на нови и подобро платени работни места и можности за докажување на стручноста на нашите граѓани.

– „Со заедничкиот концепт на Владата и на ТИРЗ, и во време на глобални предизвици постигнавме договори од над 850 милиони евра инвестиции што е речиси две третини од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години“, истакна Ковачевски, посочувајќи дека бројот на вработени во ТИРЗ зоните во април бележи раст и е за 15 проценти повисок од април лани, а зголемен е и извозот од ТИРЗ зоните за 12 проценти споредено со април лани.

Пораст, како што рече Ковачевски, е забележан и во приливот што овие странски инвестиции во Буџетот на државата така што тие уплатиле за 35 проценти повеќе средства лани во споредба со 2021 година. – Односно за едно евро исплатено од државата, компаниите назад во Буџетот враќаат најмалку четири евра, рече Ковачевски.

Потпретседателот на „Магна Интернационал“ Дејвид Креспи рече дека втората нивна фабрика во земјава претставува уште една одредница на нивното патување кон проширување на нивната работа и способности во регионот, како и поддршка на клиентите со иновативни производи од светска класа.

– Благодарни сме за поддршката што ни ја дава Владата и остануваме посветени на истражување дополнителни можности за раст, рече Креспи.

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски нагласи дека е задоволство по една година преговори да се присуствува на камен темелник за новата фабрика на „Магна Мехатроникс“.

„Магна Интернационал“ е една од реномираните светски компании, која е специјализирана да дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите позначајни производители на автомобили во светот.

Градилиштето на новата фабрика на „Магма“ во ТИРЗ Штип
ShareTweetShareSend
Previous Post

Фестивал на дивите смокви во Богданци

Next Post

ОЈО нареди истрага за 4 лица вмешани со запленетиот кокаин во Грција

Next Post
ОЈО нареди истрага за 4 лица вмешани со запленетиот кокаин во Грција

ОЈО нареди истрага за 4 лица вмешани со запленетиот кокаин во Грција

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Пожарот долж границата со Грција е целосно ликвидиран – изгоре над 200 хектари шумски појас

Пожарот долж границата со Грција е целосно ликвидиран – изгоре над 200 хектари шумски појас

3 години ago
KK „Кожув“ Гевгелија е третиот полуфиналист во Купот на Македонија

KK „Кожув“ Гевгелија е третиот полуфиналист во Купот на Македонија

8 месеци ago
ВИДЕО: Пет години од испраќањето на д-р Петков кон Монт Еверест

ВИДЕО: Пет години од испраќањето на д-р Петков кон Монт Еверест

4 години ago
„Надеж“ – Музички првенец на Мартин Костадинов од Гевгелија

„Надеж“ – Музички првенец на Мартин Костадинов од Гевгелија

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Македонска песна во Воден, Егејска Македонија
  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Македонска песна во Воден, Егејска Македонија

ВИДЕО: Македонска песна во Воден, Егејска Македонија

октомври 2, 2026
ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist