Саботниот дуел од Втората македонска фудбалска лига за гевгелискиот клуб „Кожуф“ значеше голема победа.
На градскиот стадион во Гевгелија пред домашната публика нашите фудбалери го поразија најтрофејниот клуб во државата „Вардар“ од Скопје.
Победата беше со резултат 3:1.
Стрелци на головите за „Кожуф“ беа Тони Мичковски (постигна 2 гола) и капитенот Христијан Бејков (1).
Ваквото спортско доживување беше празник за очи за домашната публика и навивачите на „Кожуф“.
Инаку ова е последното коло од Втората македонска фудбалска лига. Вардар во моментот се наоѓа на 3-то место со 63 бодови, а гевгелиски „Кожуф“ е на 9-то место со 36 бодови.
За денешната победа од управата на клубот изјавуваат:
– „Нашите фудбалери дефинитивно заслужуваат поголема поддршка следната сезона,тие покажаа квалитет и борбеност до последната минута. Сплотени заедно ќе дојдеме до посакуваните цели.“
Еден клуб еден град „Кожуф“ Гевгелија
ФОТО: Кочо