Карате клубот „Дојран“ од Дојран, иако млад по своето формирање и своето членство, секаде каде што настапува се враќа со медали.
Најновата „жетва“ на медали е постигната на вчерашниот Меѓународниот турнир „СОЛИДАРНОСТ ОПЕН“ одржан во Скопје.
Овде поединечно и со групни настапи се закитија шест каратисти од КК „Дојран, но заедно со тимот се’ вкупно освоија осум медали, 4 сребрени и 4 бронзени медали. Носители на медалите се:
СРЕБРЕН медал за КАТА ТИМ понесоа:
1. Кречев Христијан
2. Упчева Тина
3. Катранџиев Марко
Со БРОНЗЕН медал за категоријата КАТА ТИМ се закитија:
1 .Шулева Анастасија
2. Колевски Давид
3. Џоник Стефани
Поединечни медали во КАТИ освоија:
1. СРЕБРЕН медал за Кречев Христијан и,
2. БРОНЗЕН медал за Џоник Стефани
„Солидарност опен 2023“.се одржа на 21 мај во Скопје во спортската сала „Крсте Петков Мисирков“ во населбата „Методија Андонов – Ченто“..
Организаторот очекува околу 800 натпреварувачи од 5 земји.
Младите дојрански каратисти докажуваат дека со секој следен натпревар тие се поискусни, подобри и со поголема желба за нови успеси.