СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(36) од Гевгелија и Е.К.(28) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Кај двајцата, минатата година, на ден 23.09.2022 при претрес од страна на полициски службници им била пронајдена дрога.
Настанот се случил во Куманово, кога полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Ауди А6“ и кај пријавените, кои се превезувале во возилото, биле пронајдени недозволени супстанци.
Кај Д.П. биле пронајдени и одземени хероин и марихуана, додека кај второпријавената Е.К. била пронајдена и одземена марихуана.