Синоќешното врнежливо време донесе обилни врнежи од дожд, голема водена маса за кратко време која атмосферските канализации не можеа да ја примат сета со што имаше поплави низ улиците на Прилеп, Кавадарци, врнежи од град во Охрид и охридско, одрони на патиштата, прекин на сообраќајот.
Еве ги видео извештаите од терените на погодените реони со невреме снимени синоќа.
Прилеп зафатен со силно невреме и поројни поплви
Невидено невреме во Лабуништа. Во прекин сообраќајот од Охрид до Свети Наум. И денеска сообраќајот се одвива само на една патна лента.
Град со големина на лешник во охридскиот регион
Силно невреме со пороен дожд го зафати синоќа и Кавадарци со околината. За кусо време, дел улиците во градот се претворија во поројни реки кои носеа камења, дрва и секаков отпад.
Денешниот неделен ден стана работен за екипите на комуналните претпријатија кои излегоа на терен да ги расчистуваат улиците од отпад кои го оставија зад себе надојдените води од поројните дождови.