Голема драма се случи вчера на концертот на Аца Лукас во Кавадарци кога пејачот беше однесен во полициска станица.
Како што пренесуваат медиумите, концертот на познатиот српски пејач бил сопрен нешто по полноќ од страна на полицијата.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како Лукас го напушта локалот во придружба на полицијата, додека во движење наводно се обидува да им објасни нешто на службениците. Според присутни гости, атмосферата била одлична сè до моментот на доаѓањето на полициските екипи, по што настапот бил прекинат.

Пред некој ден тој пееше и чукаше на тапани на настапот пред дијаспората во Швајцарија со нагрнато македонско знаме на себе, свирејќи ја македонската народна песна „Јовано, Јованке“:
За причините за апсењето на Аца Лукас дознава Канал 5, пренесува и Либертас:
Во локалот „Рома“ во Кавадарци максималниот капацитет на гости е 200, а во моментот имало 500 гости. Инспекторите на УЈП, ДПИ , Инспекторатот за работа на странци и МВР утврдиле повеќе пропусти.
– Се продавале ваучери за 18.000 денари без фискални сметки;
– Влезниците се продавале незаконски од по 1.000 денари;
– Аца Лукас имал нерегистриран престој во Македонија и непријавен краткотраен работен ангажман;
– Самиот локал немал дозвола за ваков тип музички настани;
– Вчеравечер требало да се промовира новата криптовалута Лукаскоин.

Според документацијата до која дојде Канал 5 јасно е дека кафетеријата „Рома“ немала никаква дозвола за организирање на настапот на српскиот пејач Аца Лукас.
Неофицијално, овој случај потсетува на кочански „Пулс“ каде што пред осум месеци се одржа концерт во нерегистриран објект и за жал последиците беа трагични, пишува Канал 5.
Инаку, спрските медиуми апсењето на Аца Лукас го нарекуваат за скандалозно, а неговиот менаџер Саша Мирковиќ се огласи на социјалните мрежи со осуда.




















