Во петокот наа 14.07.2023 во 11:00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Богданци, Б.П.(78) од Богданци, управуајќи патничко возило „Даеву“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во четири паркирани возила.
„Мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, „Фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, „Фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки и „Пежо“ со гевгелиски регистарски ознаки.
Во несреќата, возачот Б.П. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија.
Во извештајот на МВР не се наведува која е причината за сообраќајната несреќа, дали механички проблеми на возилото, или здравствени проблеми на возачот кој изгубил контрола над возилото.
Увид извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.