Градот кој синоќа ја зафати Србија предизвика штети. Има и оштетени автомобили, искршени плочки, клима уреди.
Се појавива снимки од невремето кое беснееше во Краљево. Погодени беа повеќе градови. И во источна Србија има штети.
@radeanicic Ugljarevo, Trstenik #oluja#supercelijskaoluja#grad#nevreme#teorijazavere#harp#srbija#fyp#foryoupage#trstenik
На социјалните мрежи граѓаните споделуваат морбидни фотографии од изгледот на градот кој паѓаше во Чачак, има големина колку едно јајце но изгледа како „око“, некои го нарекоа „ковид“.
Голем пожар избувна во текот на ноќта во зајечарското село Котлујевац како последица на силно невреме. Изгореле три куќи, а повредени нема. Пожарот избувнал по удар на гром.
Досега е прогласена вонредна состојба во седум градови во Србија: Нови Сад, Сремска Митрпвица и на подрачјето на етири општини Шид, Рума, Ириг, Сечањ, и на дел од територијата на општина Пожега, изјавува за РТС Давор Водовиќ, помошник началник на Управата за противпожарни и спасувачки единици.
Тој посочува дека пожарникарите изминатите денови реагирале 495 пати, како и дека биле ангажирани вкупно 1.186 пожарникари со 454 возила, како и 172 припадници на доброволни противпожарни единици.
Повеќето интервенции вклучуваа отстранување на паднати дрвја, делови од фасадата и одреден број пожари кои настанаа како резултат на удари од гром“, додава Видовиќ.
Тој наведува дека само вчера интервенирале 177 пати.
Огромни се штетите кај замјоделските посеви, искршени прозорци во домовите, дупнати шофершајбни, оштетени возила од паѓањето на град, … Штетите се пријавуваат. Дали и кога ќе бидат надокнадени не е познато.