Во организација на Црвен крст Гевгелија и Институтот за трансфузиона медицина при Општа болница Гевгелија вчера се одржа крводарителска акција во просториите на Пионерски дом Гевгелија.
На акцијата учество зедоа 38 совесни, одговорни и хумани граѓани кои даруваа крв, толку важна за нечиј живот, толку неопходна во овој летен период на зголемена раздвиженост, летни одмори и отсуство на доброволци. Еве во Гевгелија континуирана 30-ка секогаш се одзива на крводарителските акции во организација на Црвениот крст.
Акцијата овој пат имаша награден карактер. Со бројчето за учество, а по одржаното извекување крводарителот Ристо Олумчев се стекна со награда – таблет компјутер. Хуманиот чин беше награден од ЦК Гевгелија, а наградата ја отстапи „G-store“ computers Гевгелија.
Црвениот крст Гевгелија упати благодарност до сите крводарители кои се одзваа на акцијаа, но и до Пионерскиот дом за отстапениот простор, како и до „G-store“ што ја поддржа акцијата.
Уште еднаш со хуманоста на гевгеличани обезбедена е крв за итните пациенти со што се исполни мотото на акцијата:„Крвта да го чека болниот, а не болниот да чека крв!“