На трката во местото Верланица, на север од Грција во областа Килкис, вчера се случи „берба“ на медали од децата членови на „Школата за атлетика“ при АК „7 Ноември“ Гевгелија, освојувајќи вкупно 15 медали. Носители на 13 медали се децата од Школата, а две медали освоија нивните тренери.
Да одиме по ред. Најголемо остварување на терен реализираа:
1. ТОМЧЕ ПЕТКОВ и
2. АНА БЕГОВА
Tие секој посебно освоија по две ПРВИ места на Детската трка во нивната возрасна категрија и на сениорската трка од 4,1 км .




Пехари за прваците и медали секој во својата возрасна категорија освоија:
3. Костадин Семенаков– Прво место 🏆
4. Пепика Дебникова – Второ место 🏆
5. Ана Марија Митрова – Второ место 🏆
6. Горјана Дебникова – Второ место 🏆
7. Максим Ангов – Трето место 🏆- категорија сениори мажи
8. Горан Семенаков – Трето место 🏆
9. Пајдакова Дијана – Трето место 🏆
10. Пајдакова Димитрија – Трето место🏆
11. Васил Карастојанов – Трето место 🏆
12. Влатко Семенаков – Прво место, сениори мажи 🏆
13. Тоше Анчев – Второ место, сениори 🏆
Ова беше „опсада“ на гевгелиските атлетичари на тркачките патеки во Грција, земјата која важи за колевка на атлетиката и од каде потекнува маратонот и Олимписките игри за најдобрите спортисти.

Честитки за успехот на децата од „Школата за атлетика“ кои во некои трки ги запоседнаа сите три подиуми, места резервирани за најдобрите тројца според резултатите на трките во Верланица. Гордо звучи кога ќе ги чуеш своите ученици-атлетичари како ги повикуваат да ги зафатат подиумите за најдобрите.
Честитки за трудот на посветените тренери Семенаков и Анчев!






















