Ноќеска (14.06.2026) во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.И.(18) од село Василево, струмичко.
Тој управувајќи патничко возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање од полициски патроли и продолжил да се движи со возилото со голем брзина. Во Богданци го запрел возилото и побегнал, а откако бил стигнат физички ги нападнал полициски службеници.
Лицето е задржано во полициската станица Гевгелија и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, јавува МВР.
Во извештајот од МВР до јавноста не е наведено каков прекршок имало лицето М.И. поради што се дал во бегство од полицијата: дали возел без возачка дозвола, дали бил во алкохолизирана состојба, дали превезувал нелегален товар, или нешто друго е во прашање. Во секој случај ќе се покрене одговорност за физичко насилство врз полициски службеник кој извршувал работно дејство.
Од Полицискиот билтен на МВР дознаваме дека од 17 приведени лица во државата во изминатото деноноќие поради возење без возачка дозвола, или биле под дејство на алкохол, едно лице од приведените е лишен од слобода од полициски службеници во Гевгелија бидејќи возел моторно возило во алкохолизирана состојба.
Сите 17 случаи ќе бидат процесирани со Кривични пријави против сторителите до Основното Јавно обвинителство.




















