четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

СЕДУМ медали освоија членовите на „Мобилност“ Гевгелија на 38-те РСИЛТИ

Спортската традиција меѓу членовите на „Мобилност“ Гевгелија и традицијата на освојување подиуми и трофеи продолжува и на годинашниве 38-ми по ред Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет со освоени 7 медали, 2 златни, 3 сребрени и 2 бронзени

јуни 14, 2026
in СПОРТ
СЕДУМ медали освоија членовите на „Мобилност“ Гевгелија на 38-те РСИЛТИ
0
SHARES
125
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Спортската традиција меѓу членовите на „Мобилност“ Гевгелија и традицијата на освојување подиуми и трофеи продолжува и на годинашниве 38-ми по ред Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет. Натпреварите се одржаа во Охрид и Струга од 11 до 14 јуни, а гевгелиските учесници се вратија со едно победничко искуство повеќе и СЕДУМ освоени МЕДАЛИ.

1. Најдобар пласман на РСИЛТИ оствари НИКОЛА ПЕЕВ од с.Стојаково кој освои ДВА ЗЛАТНИ МЕДАЛА 🏅🏅едниот на Републичкиот натпревар кој беше од меѓународен карактер, бидејќи учествуваа лица со телесен инвалидитет и од Србија, БиХ, Словенија, Хрватска, Црна Гора и Бугарија, а вториот на Државниот натпревар по атлетски повеќебој. Никола е носител на над 15 медали од РСИ и меѓународни натпревари во атлетски повеќебој, а негови омилени дисциплини се фрлање копје, ѓуле и диск.
На терените во Охрид имаше најдобри резултати и освои два медала и сега е и Државен ШАМПИОН и Меѓународен ШАМПИОН во конкуренција од 7 држави од регионот.

Related posts

Коста Попристовски од Богданци – Меѓународен шаховски првак У16

Коста Попристовски од Богданци – Меѓународен шаховски првак У16

август 9, 2026
Гевгелија и Македонија подготвени за стартот на Европското првенство!

Гевгелија и Македонија подготвени за стартот на Европското првенство!

август 6, 2026
Никола Пеев на терен со ШАМПИОНСКО фрлање на копје

2. Александар Талески од Дојран освои исто така два медали од кои ВТОРО место и СРЕБРЕН медал на Државното првенство во атлетски повеќебој организиран од Националната Федерацијата за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија, Параолимписки комитет на Република Македонија и Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија.
Следниот медал што го освоии Александар е ТРЕТО место и БРОНЗЕН медал во истата дисциплина атлетски повеќебој во својата Ф конкуренција, но на Републички натпревар во натфрлување на копје, диск, ѓуле со учесници од 7 земји од регионот.

3. На Државното првенство Благица Горгиевска од Валандово го освои ВТОРО место во конкуренција за жени, а во истата категорија
4. Даниела Гошева Кангов од Гевгелија го освои ТРЕТОТО место, а првото место и’ припадна на долгогодишната шампионка во оваа категорија, Елена Давитковски од Кратово.

Благица (втора од лево), Даниела (десно)

5. Горан Џелајков од Стојаково освои ВТОРО место во неговата категорија на овогодинешното Државно првенство.

Гевгелиското ЗГ „Мобилност“ учествуваше со тим од 6 нетпреварувачи. Дел од нив освен својата спортска специјалност учествуваа и на натпревари во пинг-понг, стрелаштво, фудбал…
Илчо Кангов се натпреваруваше во дисциплина „пинг понг“, Благица Горгиевска и Горан Џелајков се натпреваруваа и во „Стрелаштво“, а Никола Пеев и Александар Талески учествуваа и на пријателски фудбалски натпревар против Ветераните на ФК „Пелистер“. Овде за несреќа се повреди Никола Пеев во текот на натпреварот па тоа беше причината зошто Никола Пеев не беше присутен на доделувањето на медаљите и не е доловен на ниедна фотографија како прима медал, или награда.

Илчо Кангов на натпревар во пинг-понг

Му посакуваме брзо опоравување на двојниот победник Никола, а на сите учесници и медалисти им честитаме за успехот!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Лишен од слобода 18 годишник во Богданци

Next Post

ОВР Гевгелија поднесе Кривична пријава против измамник и фалсификатор од Скопје

Next Post
ОВР Гевгелија поднесе Кривична пријава против измамник и фалсификатор од Скопје

ОВР Гевгелија поднесе Кривична пријава против измамник и фалсификатор од Скопје

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Парична награда за пожарникарите и вработените во ЈП кои учествуваа во гаснењето на пожарите ова лето

Парична награда за пожарникарите и вработените во ЈП кои учествуваа во гаснењето на пожарите ова лето

2 години ago
„Д Фестивал“ – Тридневна фестивалска фешта, дружба и пријателства во Дојран

„Д Фестивал“ – Тридневна фестивалска фешта, дружба и пријателства во Дојран

3 години ago
ВИДЕО и ФОТО: Ангела Влинтовска – победник на „Фолк Фест Валандово 2024“

ВИДЕО и ФОТО: Ангела Влинтовска – победник на „Фолк Фест Валандово 2024“

2 години ago
Генералниот директор на МЖ инфраструктура и Д-р Филипче во посета на Железничката станица во Гевгелија

Генералниот директор на МЖ инфраструктура и Д-р Филипче во посета на Железничката станица во Гевгелија

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist