Прогласени победниците и доделени наградите од одржаниот Втор шаховски меморијал „Венци Попов 2023“ во Гевгелија, на кој настапија 132 шахисти од четири евроски земји.
Првите две места ги понесоа шахисти од Македонија:
1. ЗВОНКО СТОЈАНОВСКИ (MKD)- Прво место
2. НИКОЛА НИКОЛОВСКИ (MKD) – Второ место
3. САШО НИКОЛОВ (BUL)- Трето место
4. ТОНИ ЛАЗОВ (MKD) – Четврто место
За победникот организаторот додели пехар и парична награда од 20.000 денари. Второпласираниот освен пехар доби и парична награда од 17.000, а третопласираниот 15.000 денари.
Најдобар пласман од младинците до 18 години оствари Константин Лушевски од Охрид, со позиционирање на високото 17-то место од 132 учесника на Меморијалот.
Најдобро пласирана женска шахистка од учесниците е репрезентативката Моника Стојковска која освои 21-во место. Тие добија парична награда од 1.500 денари.
Од гевгелиските шахисти, членови на ШК „7-ми Ноември“ највисок пласман оствари Петар Димов со завземање на 22-то место. За него органзаторот одвои парична награда од 2.000 денари.
Од младинците од гевгелискиот шаховски клуб најдобро котираше Кристијан Кавазов кој се задржа на 84-то место, а од женските учеснички најуспешна беше Лана Трајкова која го освои 128-мо место.
Наградите ги доделија членовите на семејството Попови. Помагател во организацијата е ШК „7-ми Ноември“ Гевгелија за кого овој меморијал е дел од програмските активности за годинава. За техничката страна и застапување на правилата задолжен беше интернационалниот шаховски мајстор Тони Кироски.
Се’ на се’ успешен Меморијал, кој со своето второ одржување, поголема бројност на учесници, поголем фонд на награди, докажува дека расте и има потенцијал да остане традиционален.
Честитки за сите наградени!