Како се станува ѕвезда? Кога ќе се качиш на сцената не само за да го гушнеш омилениот пејач туку да ги отпееш неговите омилени песни, моќно и бестрашно.
Таква беше Слободнка Арнаудова од Гевгелија која на фестивалската сцена на „Вкуси го југот“ кој се одржуваше во Гевгелија додека ги следеше своите омилени изведувачи од ДНК посака да пее со нив, па го доби микрофонот, а потоа посака да биде и на сцената со нив.
Бестрашната Слободанка, Данче распали со песните со кои израсна: „Срце“ и „Што сака нека биде“, инаку големи хитови на ДНК.
Сето ова немаше да се случи ако Панчо не ја поканеше распеаната гевгеличанка на сцена.
Слободанка одлично се најде на бина и заедно со Панчо и Андреј ги запеа нивните два големи хита. Таа умее на сцената. Годинава беше победничка на меѓународен фестивал во Бугарија како претставничка на „Евро Порта фест“ од Гевгелија.
Погледнете како пееше Данче со своите миленици од ДНК:
The star is born!