Младиот Карате Клуб „Дојран“ од Дојран со своите девет натпреварувачи под менторство на тренерот Лилиана Упчева учествуваа на 20-от Карате турнирот „Bucharest Contact Open“ што викендов се одржа во Романија и освоија вкупно осум медали и Пехар за најуспешна екипа на турнирот.
Во „жетвата“ на медали тие на градите понесоа: ЕДЕН ЗЛАТЕН медал, ДВА СРЕБРЕНИ и ПЕТ БРОНЗЕНИ медали. Носители по возраст и категории на медалите се:
1. ТИНА УПЧЕВА – Прво место – ЗЛАТЕН МЕДАЛ и ЗЛАТЕН ПЕХАР – (категорија „Кумите М“, возраст 8-9 год.)
2. ДАМЈАН ЃОКОВИЌ – СРЕБРО – (категорија „Кумите М“, возраст 8-9 год).
3. МАРКО КАТРАНЏИЕВ – СРЕБРО – (категорија „Кумите М“, возраст 8-9 год).
4. ЈОВАН СТОИЛОВСКИ – БРОНЗА – (категорија „Кумите М“, возраст 8-9 год.)
5. ХРИСТИЈАН КРЕЧЕВ – БРОНЗА – (категорија „Кумите М“, возраст 8-9 год).
6. ЈОВАНА ШУЛЕВА – БРОНЗА – (категорија „Кумите М“, возраст 10 год).
7. ДРАГАН ЏОНИЌ – БРОНЗА -. (категорија „Кумите М“, возраст 10 год).
8. НАТАЛИЈА ЈОВАНОВА – ( (категорија „Кумите кадети“).
9- РУЖИЦА ДОНЕВА – 5 место, категорија „Кумите“.
Пехарот за „Најуспешен карате клуб на турнирот“ и освоено ПРВО МЕСТО екипно на турнирот што го освои КК „Дојран“ им го додели Претседателот на Романската Карате Федерација.
На „Bucharest Contact Open“ учествуваат 1.500 учесници, 900 каратисти од 69 карате клубови регистрирани во пет држави учеснички на турнирот, и тоа Бугарија, Србија, Македонија, Молдавија и Романија. Тоа го димензионира големиот успех на малите каратисти од југот на Македонија.
Сите честитки ги уатуваме на вредните каратисти од КК „Дојран“ кои после само една и пол година од своето основање, преку тренинзи и републички и меѓународни настапи успеваат самоуверено да истапат на теренот и да извојуваат победа над противниците од другите карате клубови. Сите заслуги за упорноста и доследната работа децата да го почувствуваат спортскиот порив, не само во зовриените вени и мускули од тренинзите, туку и од победите доаѓаат од посветената нивна тренерка Лилјана Упчева.
Лилјана е долгогодишен карате спортист, државен првак на Македонија 12 години по ред, 12 кратен карате мајстор на Македонија не победена 12 години по ред, член на Карате репрезентацијата на Македонија и посветен карате ментор своето знаење да го пренесе на помалите генерации.
– „Среќна сум за успехот на децата и сето она што го постигнавме во Романија. Не застануваме тука, овој месец не очекува Државното првенство во карате и сериозно се подготвуваме и на домашен терен да ги потврдиме нашите способности, спремноста на каратистите од КК „Дојран“ да освојуваат спортски терени и да победуваат“ – изјави за GevgelijaNet посветената тренерка Упчева.
Им честитаме за меѓународниот успех и им посакуваме успех на Државното првенство во карате!