Најновиот состав на младинската репрезентација на Македонија со стил ја доби првата од двете пријателски средби против Турција откако „црвено-жолтите“ славеа со огромни 15 голови разлика и резултат од 34-19.
Избраниците на Раде Стојановиќ го решија победникот уште во првото полувреме кое го добија со седум голови (18-11). Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечни 34-19.
Петковски беше најдобар стрелец со шест погодоци. По четири гола дадоа браќата Узунчеви, (Тодор и Димитар Узунчеви од Гевгелија) и Тотиќ.
Втората пресметка меѓу Македонија и Турција ќе се игра во текот на утрешниот ден со почеток во 16:00 часот.
Овие контролни натпревари се дел од подготовките на младинците за настап на Европското првенство 2024 година во Словенија следното лето.