ЧЕСТИТ ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО!
Пред 79 години, на овој ден победоносен, 7- ми Ноември 1944 година, Гевгелискиот партизански одред “Сава Михајлов” влегува во Гевгелија која беше под 4 годишна фашистичка окупација, го ослободува градот со борбени дејствија и со развиорени знамиња на слободата празнува со граѓаните.
Првата дестинација им е да влезат во “кметството” на окупаторската управа и да воспостават народна власт.
Од овој победоносен ден Гевгелија живее слободна и расте под сонцето на југот со трудот и ангажманите на своите граѓани.
Среќен ти празник граду наш!
Вечна слава и благодарност на ослободителите!
Никогаш потчинета, секогаш слободна остани Гевгелија!
Фото-архива: 07.11.1944 год. Гевгелија