сабота, 19, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Кога татковците стануваат планери на зло кон своето дете? – анализа на психолог

Убиство на невино девојче би можел да изврши само еден тип на луѓе! - српски психолог Зоран Мустеровиќ објаснува зошто некогаш грешат и татковците. Тој даде психолошка анализа на случајот со убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска

декември 8, 2023
in MАКЕДОНИЈА, OД НАШ АГОЛ
Кога татковците стануваат планери на зло кон своето дете? – анализа на психолог
0
SHARES
2.7k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Во интервју за Република, Зоран Мустеровиќ даде психолошка анализа на случајот на убиството на 14 годишната Вања од Скопје.
Прашањето што ја мачи јавноста е кои се лицата инволвирани во киднапирањето и убиството на Вања и дали мотивот е чисто паричен или зад овој страшен чин стојат подлабоки слоеви. Полицијата соопшти дека во случајот е вмешан таткото на Вања.

Психологот Зоран Мустеровиќ од Србија за Република.рс го разгледа поимот користољубие во психологијата и зошто татковците, односно родителите кои по природа мораат да ги заштитат своите деца, прават такви работи. Во конкретниот случај се работи за таткото, а тој во интервју за Република објасни дека омразата е интензивна само кога сме лично вклучени во одредена врска.

Related posts

Продадено атрактивно земјиште во Гевгелија во сопственост на Мијалков за 916.113 евра

Продадено атрактивно земјиште во Гевгелија во сопственост на Мијалков за 916.113 евра

јули 17, 2025
ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ

ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ

јули 15, 2025


– „Себичноста и омразата се емоции стари колку и луѓето. Тие се присутни во сите времиња и во сите цивилизации, а целото образование е насочено кон надминување на таквите емоции кон себе или кон другите. Кога личниот интерес е многу изразен како потреба во некоја ситуација, а се комбинира со омраза, на која најчесто и претходи фрустрација, тогаш тоа е многу опасно. За да добие деструктивни размери, мора да има агресивност, одмаздољубивост што се акумулира во блиските односи, бидејќи омразата е интензивна само кога ние лично сме многу вклучени во врска која не се остварила онака како што сакавме. Има луѓе кои се склони кон многу интензивни емоции, среќа, омраза, и бурно реагираат на сите чувства и можат да реагираат многу импулсивно и деструктивно“ – ни објасни тој.

– „Злосторството што се случи е резултат на размислување и организирање, значи не го прават импулсивни лица, туку оние кои не носат емотивен одмазднички порив. Омразата кон поранешната сопруга ги наведува таквите луѓе да манипулираат со децата за да и се одмаздат, но тоа не е правило во слични случаи како овој. Се чини дека афективноста, повреденоста и одмаздољубивоста на таткото овде се споиле со друга, криминогена личност која и претходно ја покажала својата криминогена природа“, вели психологот..

Петтемина осомничени за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска. Шестиот кој му помогнал на убиецот да побегне во странство дури вчера доби мерка притвор од Кривичен суд (го нема на фотографијата)

Вања Ѓорчевска исчезна на 27 ноември, а подоцна беше утврдено дека девојчето е мртво. Иако имаше само 14 години, тоа не ги спречило одговорните за нејзината смрт да бидат сурови на дело. За нејзината смрт осомничени се пет лица, меѓу кои и нејзиниот татко Александар. Првоосомничен во овој случај е Љупчо Палевски Палчо, кој беше пронајден во Турција, а на Стефан Димковски, кој е осомничен дека му помагал на Палевски и го превезувал од Белград во Турција преку Бугарија, вчера Кривичен суд му го продоли притворот поради сомнение дека може да влијае врз сведоци и лица, со што е 6тиот осомничен за ова тешко криминално дело – киднапирања и две убиства.

Извор: Република.рс

ShareTweetShareSend
Previous Post

ОВР Гевгелија: Починат 43 годишник пронајден дома

Next Post

Рајан О’Нил, ѕвездата на „Љубовна приказна“ почина на 82 години

Next Post
Рајан О’Нил, ѕвездата на „Љубовна приказна“ почина на 82 години

Рајан О’Нил, ѕвездата на „Љубовна приказна“ почина на 82 години

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Топол јунски ден во Гевгелија

Топол јунски ден во Гевгелија

1 година ago
Попесочена плажата „Златен брег“ во Стар Дојран

Попесочена плажата „Златен брег“ во Стар Дојран

12 месеци ago
ВИДЕО: Новите распеани „Калинки“

ВИДЕО: Новите распеани „Калинки“

2 години ago
ПРАВИЛНИК за однесување на родители и деца за време на детската трка „November Run“ во Гевгелија

ПРАВИЛНИК за однесување на родители и деца за време на детската трка „November Run“ во Гевгелија

9 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава
  • IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева
  • Методија Ичев во меѓународна акција искачи три врвови на Алпите

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава

Гевгелиски младинци учесници на ОРА градеа заедно братство и својата држава

јули 18, 2025
IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

јули 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist