Новата Година се наближува. Празничната атмосфера расте, а со тоа и желбата на децата да учествуваат во украсувањето на просторот дома, па и на училиште. Сакаат да бидат опкружени со ѕвезди, лампиони, елки и светкави украси за да биде светла и среќна Новата Година.
Првото украсување го регистриравме во ООУ „Ристо Шуклев“ во Негорци. Таму магичната празнична атмосфера веќе се чувствува во училиштето. Учениците од ученичката зедница учествуваа во Новогодишното украсување на училишниот простор во соработка со техничкиот персонал.
Украси има многу за редење, ама и рачиња кои помагаат. Така што, се на се’ резултатот е тука – успешно накитена Новогодишна елка која го краси училишниот простор.
Не помалку спремни се и учениците од подрачните училишта.
Фото галеријата подолу ја регистрираше подготовката за дочек на Новата година и Дедо Мраз во Подрачното училиште во Кованец. Учениците заедно со наставничката Душица Аврамов подготвија многубројни украси, хартиени елки, шаренобојни форми за магична празнична атмосфера.
Децата сакаат убаво, светло, шарено, празнично. Нека им биде така во детството и животот и во Новата година.