Утрово температурата во Гевгелија беше два степена под нулата. Уште 20 градови во државата се разбудија со температури под нулата. Еве ги податоцците од УХМР:
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-9 Берово, -6 Скопје-Петровец, Претор, Прилеп, Маврови Анови, Крушево, Битола, -5 Тетово, Демир Капија, Крива Паланка, Штип, Велес, Кавадарци, -4 Виница, Струмица, Дебар, Охрид, Куманово, Скопје-Зајчев Рид, -2 Гевгелија, 0 Попова Шапка, 2 Дојран.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во cm): 32 Крушево, 15 Пожаране, 7 Берово.
Денеска времето наутро ќе биде студено, а преку денот сончево.
По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла., или ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максимална температура од 3 до 10 степени Целзиусоови, најавуваат од УХМР.
Фото: Кожуф со првиот снег годинава