Младиот 20-годишен музички изведувач од Гевгелија, познат на локалната публика, но и Балканската, во учество на талент-шоу, Мартин Костадинов деновиве го објави својот музички првенец наречен „Надеж“, и сериозно атакува за место на Македонската музичка сцена.
Песната „Надеж“ е исполнета со многу емоции кои лесно можат да допрат до слушателите., секако до помладата публика, но и сентименталните мераклии на поп-балади.
Младиот Мартин се јавува како автор на текстот и музиката за која му помогна и Борис Ќаев, Битот е дело на Немања Кипиќ, пратечки вокали се Јасмина Атанасова и Александар Комненовиќ, а зад сценариото за музичкото видео стои познатиот инфлуенсер Александар Динев. Спотот е снимен и едитиран од страна на Александар Комненовиќ, а за кореографијата се погрижи Цветанка Атанасова.
Мартин истакна дека ова дело има посебно значење за него бидејќи отсликува дел од неговиот живот:
– „Песна која што за мене има огромно значење, неколку минути кои опишуваат една прекрасна, но, и болна етапа во мојот живот. Се надевам дека ќе ви се допадне и ќе уживате во мојот првенец“ – истакна Мартин.
Но ова е само почеток, Мартин во моментов работи и на втора песна со побрз и весел ритам.
Костадинов е познат на локалната сцена по честите нaстапи на локални културни настани, учествуваше на фестивалот „Вкуси го југот“ во Гевгелија, на Новогодишните сценски настапи во Гевгелија од 2021, 2023, член на фолклорниоа ансамбл „Бојмија“
Минатата година Мартин како 19 годишник и неуморен љубител на музиката, настапи на големата сцена од музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“ и ја освои публиката и жирито
Гевгеличанецот Мартин Костадинов со настап на „Ѕвездите на Гранд“
Еве го на проба со својата потесна екипа за подготовка на Новогодишен концерт, како голем фан на песните на Тоше Проески:
И запомнете, ова е млад надежен артист за кој допрва многу ќе се зборува, Мартин од Гевгелија.