Синоќешните врнежи од снег во земјата ја донесоа и првата снежно-бела слика на југот од државата.
Во Гевгелија започна до врне синоќа околу 19 часот и мерните станици на УХМР не го регистрираа во текот на вчерашниот ден, зошто следното мереше беше утринава во 07 часот, а снегот замина и нема евиденција дека воопшто паднал снег во Гевгелијаво текот на ноќта.
Но, останаа фотографиите од првите ноќни шетачи по снегот низ Гевгелија.
Снег заврна и во Дојран и остави снежна покривка од 10 сантиметри утрово, измерени во 07 часот. Топлиот југ со палмите беше раскошно посипен со снегулки за фото-атракција на таможните жители и посетители кои продолжениот празничен викенд го поминуваат во Дојран.
Снег заврна и на потпланинските села на Кожуф. Децата го дочекаа со радост. Еве една група од с.Давидово кои направија снешко и се овековечија за спомен со првиот снег во Новата 2024 година.
Инаку во државата најмногу снег наврна во Дебар и Маврови Анови 25 сантиметри, во Битола 22 см, 21 на Попова Шапка, 12 см во Охрид, по 10 сантиметри снежна покривка донесе сгеот во Струмица и Дојран, по 9 см снег во Скопје – Петровец, 7см Прилеп, 6 см Крива Паланка и, Штип.
Од Управата за хидрометеоролошки работи прогнозираат
ВРЕМЕТО УТРЕ: Наутро ќе бидеведро, тивко и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До средината на неделата времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. Најстудено ќе биде утре и вторник. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во пораст.