Серијата победи на тимот на КК „Гевгелија“ продолжува и годинава во првиот дуел кој го имаа во 2024 година со убедлива победа над тимот на КК „Вардар“ со резултат 77 : 67.
Натпреварот се одигра на домашен терен во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија пред домашната публика. Ова е 10-та победа на младите гевгелиски кошаркари оваа сезона од првенството од вкупно одиграни 11 натпревари.
КК „Гевгелија настапува во Третата кошаркарска лига исток и досега славеше 10 победи совладувајќи ги екипите на:
КК „Вардар“ – со резултат 77 : 67
КК „Ролинг“ Струмица – победа со резултат 75 : 84 на гостување
КК „Водњански Лисици“ – 81:67 победа дома
КК „Овче Поле“ – резултат 60:68 на гостување
КК „Феникс“ од Скопје со резултат 90:81
КК „Младинец“ Драчево – со резултат 86 : 90 на гостински терен
КК „Струмица“ – резултат 88: 67 на домашен терен
КК „Баскет Кам“ – резултат 81:68 на домашен терен
КК „Маџари“ – резултат 82 : 78 на домашен терен
КК „Вардар“ – резултат 82 : 98 при гостување
Единстениот пораз гевгелиските кошаркари го имаа од КК „Бутел“ во декември минатата година со резултат 60 : 65 на домашен терен.
Инаку, овој состав на тренерот Алексовски дебитираше на 16 октомври минатата година на стартот од првенствената сезона 2023/2024 покажувајќи страст за добра игра и желба за успех, воодушевувајќи ги домашните навивачите со своите вештини и тимски дух.
СРЕЌНО и понатаму момци!