За една недела повторно сообраќајна контрола во Гевгелија која покажа дека низ патиштата во реонот на надлежност на ОВР Гевгелија сообраќајните прекршоци се намалени за 64%‚ во однос на минатата недела.
Вчера, 04.02.2024 во периодот од 13:00 до 19:00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 71 пречекорувања на брзината.
Најмногу прекршоци се констатирани на подрачјето на опш.Радовиш вкупно 33. Во општина Гевгелија евидентирани се 16 прекршоци, 14 на подрачје на Струмица и 8 на подрачје на Валандово. Од нив, 53 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 18 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.
Ако споредиме со минатонеделната акциска контрола на подрачјето на ОВР Гевгелија кога беа изречени вкупно 45 пркршочни налози за непрописните учесници во сообраќајот, произлегува дека во текот на вчерашната сообрачајна контрола за 64,4% е подобрена сообраќајната дисциплина кај гевгеличани и возачите низ регионот на надлежност на ОВР Гевгелија, во однос на минатата недела.
Тоа е видливо и од просекот на направени прекршоци во Гевгелија, кој за вчера изнесува 2,66 прекршоци на еден час, а за минатонеделната акциска контрола изнесуваше 6,6 прекршоци на еден час.
Неделна сообраќајна акциска контрола во Гевгелија – изречени 45 санкции
На што се должи тоа, рано е да прејудицираме – за очекување е тоа да е ефект од зачестената сообраќајна контрола низ патиштата во државата, па и кај нас во Гевгелија. Претпоставуваме фејсбук корисниците да додадат дека „се нервираат гевгеличани што не можат да паркираат бесплатно во центарот на градот па со полна гас тераат во друга дестинација, или назад до дома“.
Инаку, за споредба, истиот неделен ден, вчера 4 февруари во државата изречени се вкупно 711 санкции кон возачи кои се движат со брзина поголема од дозволената. Само во подрачјето на Тетово изречени се 159 казнени мерки кон возачите.
Гевгелија се дисциплинира во сообраќајот.