недела, 1, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Казни за граѓаните кои ќе возат со возачка без ,,Северна”

Од МВР информираат дека возачките дозволи од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само со името Република Северна Македонија

февруари 11, 2024
in MАКЕДОНИЈА
Казни за граѓаните кои ќе возат со возачка без ,,Северна”
0
SHARES
767
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Од МВР информираат дека возачките дозволи од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само со името Република Северна Македонија.

  • „Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија. Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета“, известуваат попладнево од МВР.

Од Министерството за внатрешни работи на ден пред истекување на важноста на личните документи на граѓаните со ознака „Република Македонија“ известуваат со следново СООПШТЕНИЕ:

Related posts

24 Maj – Ден на сесловенските просветители

24 Maj – Ден на сесловенските просветители

мај 24, 2025
ОВР Валандово – Лишени од слобода две лица, едниот за дрога, другиот за пребрзо возење

ОВР Валандово – Лишени од слобода две лица, едниот за дрога, другиот за пребрзо возење

мај 23, 2025

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година, согласно веќе донесените законски измени, а во врска со Преспанскиот договор, престануваат да важат патните исправи со името Република Македонија и во важност ќе бидат само патните исправи со името Република Северна Македонија. Ги замолуваме граѓаните со стари патни исправи воопшто да не се обидуваат да излезат од нашата држава затоа што тоа нема да биде возможно. Граѓаните со двојно државјанство ќе можат непречено да ги користат патните исправи од другата држава. Исто така, потенцираме дека било кој граѓанин на Република Северна Македонија кој ќе дојде на граничен премин за влез во нашата држава, ќе биде примен без оглед на тоа со каква патна исправа доаѓа.

Што се однесува до личните карти, ги известуваме граѓаните дека тие ќе важат и по 13 февруари, без оглед дали се со името Република Македонија или Република Северна Македонија и граѓаните ќе можат да ги користат непречено на територијата на нашата држава. За излез, пак, од државата во земјите со кои имаме билатерални договори за патување со лична карта, граѓаните нема да бидат враќани од страна на нашите гранични полициски службеници доколку имаат лична карта со името Република Македонија, но не можеме да гарантираме дека ќе бидат примени од другите држави. Истото важи и за сообраќајните дозволи, како и за личните карти.

Околу возачките дозволи, ги известуваме граѓаните дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија. Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија. Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета.

Во однос на налепниците НМК за регистерските таблички, повторуваме дека тие се комплетно бесплатни за граѓаните, а секоја евентуална злоупотреба односно било какво наплаќање ќе биде ригорозно санкционирано. Граѓаните можат во било која станица за технички преглед да отидат со возилото и сообраќајната дозвола и од страна на контролор од станицата за технички преглед ќе им бидат залепени налепниците на регистерските таблици“ – се вели во денешното Соопштение од МВР.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Колку тежи културниот колач во Гевгелија за 2024 година?

Next Post

Пендаровски: Да нема казни за возачките дозволи

Next Post
Пендаровски: Да нема казни за возачките дозволи

Пендаровски: Да нема казни за возачките дозволи

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Масовниот 13 годишен убиец од Белград не се кае, очекува нешто невозможно!

Масовниот 13 годишен убиец од Белград не се кае, очекува нешто невозможно!

2 години ago
ЛОИ 2024: Најмногу медали освои САД, вкупно 126, втора е Кина, трета Јапонија

ЛОИ 2024: Најмногу медали освои САД, вкупно 126, втора е Кина, трета Јапонија

10 месеци ago
Започна учебната година – нов почеток за 228 првачиња во Гевгелија

Започна учебната година – нов почеток за 228 првачиња во Гевгелија

2 години ago
Македонија под снег, Гевгелија уште одолева на снежните прогнози

Македонија под снег, Гевгелија уште одолева на снежните прогнози

5 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Одбележан Меѓународниот ден на згрижувачки семејства во Гевгелија
  • „РОЛПЛАСТ“ Гевгелија – 20 години производна дејност и квалитет кој трае
  • Се запали локомотивата од воз кој сообраќал на релација Скопје-Гевгелија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Одбележан Меѓународниот ден на згрижувачки семејства во Гевгелија

Одбележан Меѓународниот ден на згрижувачки семејства во Гевгелија

мај 30, 2025
„РОЛПЛАСТ“ Гевгелија – 20 години производна дејност и квалитет кој трае

„РОЛПЛАСТ“ Гевгелија – 20 години производна дејност и квалитет кој трае

мај 30, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist