Денот е таков – за виното, за мераците, за мераклиите
Кога песната ја носиш во себе и музиката не може да одолее да не те следи, па и дома, на обичен ден, по обичен повод, пијан од чувства, а не од приложениот сифон вода.
На увце, само за мераклии.
Кога душата ти пее, пее и срцето со добрина и позитива кон сите околу тебе.
Фото: 60-те години на XX век
Веселото друштво го сочинуваат: Борис Дојранлиев, најстариот син на Јован Дојранлиев кој во 19 век се преселил од Дојран во Гевгелија, до Борис на увце му пее син му Пене, а до него чука на дајре внукот на Борис од родениот брат Томе, Димитар (Миче) Дојранлиев и гевгелиската дружина музичари без кои не можеше да се замисли боемската сенденка.
Спомени, мераци, убавини!