Јавувањето на Свeти Теодор Тирон и укажувањето на подлите намери на царот Јулијан Отстапник биле повод да се востанови празникот Тодорова Сабота. Овој празник нема постојан датум, туку што се празнува во првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка.
За Тодорица се врзани повеќе обичаи и традиции. Во западна Македонија, на овој ден, се собирале ергените и невестите од повеќе села кои биле облечени во народна носија. Тие со своите родители шетале низ поголемите градови од западниот дел и така се запознавале и се бендисувале. Затоа, овој празник многумина го викаат „денот на бендисувањето“ или денот на љубовта.
Денес именден празнуваат: Тодор, Тодорка, Божидар, кој доаѓа од Тео, што значи Бог и дар.
Во црковните храмови во Гевгелија беа одржани свечени Литургии. Свечениот чин беше збогатен и со настапот на гратскиот мешан хор „Гртинија“ под диригентство на професор Илија Атанасов.
Фото: Гевгелиско Архиерејско намесништво