Престој на сонце го зголемува расположението и имунитетот на организмот, стимулира производство на витамин Д и на хормонот сератонин во организмот заслужени за среќата и расположението.
Колку Вие и лицата од вашето животно опкружување, вашите деца поминувате дел од вашето време престојувајќи, шетајќи на сонце?
Ова видео ќе Ве натера да излезете и да прошетате во текот на денот и на тој начин да решите многу од наталожените проблеми, кои расположени полесно ќе ги воочите, решите..
Погледнете од видеото:
Доколку дојде до намалено создавање на серотонин во нервниот систем, доаѓа до нарушување на расположението во вид на депресија, а често и во вид на анксиозност. Понатаму, недоволното ниво на серотонин го намалува и нивото на мелатонин во организмот, што го нарушува циклусот на спиење.
Недостигот на серотонин може да предизвика чувство на непријатност од кое произлегува копнежот по слатка храна. Серотонинот има различни функции: ги забрзува моторните функции, го регулира крвотокот во мозокот, влијае врз регулацијата на телесната температура, има аналгетско дејство, го намалува апетитот.
Излегувањето на сонце може да биде едноставно решение за потребите на нашето тело да биде снабдено со витаминот Д, задолжен за имунитетот и со хормонот на среќата сератонин.