Атлетичарот Дарко Прошев, член на АК „7-ми Ноември“ од Гевгелија денеска настапи на полумаратонот во Милуз во Франција каде истрча траса од 21,1 километар со време од 1:41:33 час.
Дарко е единствен претставник од Гевгелија кој учествува на „Semi-Marathon Mulhouse“ во Франција и ги истрча километрите траса долж улиците на градот Милуз, познат по своите бројни музеи, сместен близу швајцарската и германската граница.
Трката стартуваше од градскиот стадион, потоа следуваше делницата во паркот, па се движеше покрај каналот кој поминува низ центарот на градот, потоа маратонците трчаа покрај катедралата и назад на целта кое се наоѓаше на истото место каде беше и стартот на трката – градскиот стадион. Улиците ги преплавија над 2.000 учесници од повеќе светски земји, меѓу нив и гевгеличанецот Дарко.
Вака изгледаше стартот на трката, полетно и весело за сите учесници, ведро и со аплауз поддржано од публиката во Франција иако надворешната температура беше само +4 степени.
Стазите се движеа низ питоресните градби на Милуз, кои само го разубавија напорот на маратонците да истрчат и да ја изгледат во трк сета убавина на францускиот град. Oва е моментот кога истрчуваат покрај градската катедрала.
Маратонците низ улиците се секогаш атракција, па и овој пат не изостана снимањето од локалните жители. Ова е моментот кога маратонците ја поминуваат целта која ги води до градскиот стадион.
Гевгелискиот маратонец Дарко со ова го дополнува својот меѓународен спортски дневник со настапи во земјите од соседството, во Грција, Србија, Хрватска и со меѓународниот полумаратон во Франција.
Честитки! Да газиш Дарко и понатаму со свои рекорди!