На овој ден 9 април 1873 година поминал првиот воз на релација Солун-Велес преку новоизградената железничка пруга која поминува и низ Гевгелија.
Станувајќи значајна транспортна точка Гевгелија почнува забрзано да расте како населба и во 1886 година станува градска касаба.
Оттогаш економскиот развој доживува бум, зошто сите неопходни стоки и суровини од Балканот, од Европа, од Отоманското царство доаѓале по брз транспорт преку железничкиот товарен превоз. Патничкиот транспорт исто бил во подем, па овде поминувал и легендарниот воз “Ориент експрес” опишан во романите на Агата Кристи.
Денес “Македонски железници” одбележуваат 151 година железнички транспорт низ Македонија. Гевгелија одбележува еден и пол век меѓународна трансферзала и 138 години официјално со уредба доделен статус на градска касаба.
Овој ден во нашата држава е прогласен за Ден на Македонските железничари.
Нека е ЧЕСТИТ и СРЕЌЕН ДЕНОТ!