Младиот штипјанец Стефан Ѓоргиев се закити со три златни медали со учество на државниот натпервар во бодибилдинг, наречен „Денис Волф Класик“ во три категории и златен медал за најдобро позирање во слободен стил.
Ѓоргиев кој има 21 година со овој спорт започнал да се занимава од седум и пол годишна возраст, во домашни услови гледајќи видеа од интернет.
Ѓоргиев на последниот државен натпревар освои четири златни медали, што е голем успех за 21-годишниот штипјанец. Стефан за телевизија М Нет зборуваше и за неговите подготовки пред натпревар и режимот на исхрана.
Младиот државен првак по бодибилдинг зборуваше и за неговите најголеми успеси кои ги има постигнато во својата кариера.
Нов предизвик и за него се квалификациите за Светско првенство. Натпреварот за квалификации за СП се одржуваат следниот месец, на 12 мај во Германија. Младиот спортист е посвентен на овој спорт, а неговата цел е да ги помине квалификациите и да се закити со златен медал од Светско првенство.
Погледнете ја трансформацијата на телото што ја прави Стефан со своите вежби.