Малиот Јованче живее со своето семејство каде мајка му е болна, а татко му невработен. Немаат пари за јадење, ниту дома, ниту за ужинка кога оди во училиште. Плаче. Разбира дека родителите немаат пари ниту 5 денари да му дадат кога оди на училиште. Трае гладен. Вели: „Немаат пари оти не се вработени“. За себе вели дека не е среќен.
Една недела по објавата на видеото на платформата „Срце на дланка“ во кое малиот Јованче раскажува за своите тешкотии, пристигна помош од Богданци. Иницијатори и реализатори на акцијата се членовите на „Ендуро тим“ кои донесоа мебел, храна, покуќнина, постелнина за Јованче и неговите родители.
Насмевките на лицата се видливи.
Сиромашната куќа се наполни со радост, Јованче заборави на солзите, радосно помагаше во растоварот на помошта. СРЕЌАТА за ова сиромашно семејство дојде од Богданци!
Така е – хуманоста не треба да биде само за тие во близина, таа треба да се дели таму каде што е потребна, а некогаш и најпотребна и пресудна да се даде трошка ведрина и добрина за немоќните, социјално загрозените.
Ова се фотографии од растовар на сето што го донесоа богданчани за семејството на Јованче.
Кој сака да помогне нека се обрати на тел бр. 073-836-304.
Донирајте и Вие добри луѓе, за да не замре насмевката на лицето на ова дете!