Неделава во Скопје, на патеката „Орман“ во организација на МК „Мотори“ и Моторциклистичка Федерација на Северна Македонија се одржа вториот мотокрос натпревар од националниот шампионат за оваа година.
На трката учество зедоа речиси 50 возачи во 7 разни класи. Натпреварувачкиот ден беше дожлив, а патеката поради обилните врнежи на дожд беше тешка за возење. Сепак, трките завршија во најдобар ред.
Меѓу учесниците беа и членовите на МК „Мотокрос Гевгелија“ од Гевгелија со 5 возачи во 3 разни класи. Пласманите на гевгелиските мотокросисти се следни:
Во класата МХ, Димитар Маџунков заврши на подиум со 3 место додека Милан Стојанов на 7.
Во класата МХ2, Саше Трајков заврши на 3 место додека Иван Цековски на 7.
Во класата МХ1, Васко Киров заврши на 3 место.



– „Најмладиот член во нашиот клуб Драган Димов не учествуваше на натпреварот поради повреда со која се здоби на тренинг“ – изјавија од Мотокрос Гевгелија.

Инаку, Димов (7 годишен) беше носител на Пехар за освоено второ место во класа МХ-50 на првата трка од мотокрос шампионатот на Македонија што се одржа минатиот месец на патеката „Милци“ кај Гевгелија.
На истата трка на патеката „Милци“ Маџунков беше прв во својата класа со освоени максимални 50 поени, Саше Трајков од 6-то се искачи на 3-тото место во својата класа на трката на патеката „Орман“, а Васко Киров го повтори истиот пласман со 40 освоени поени и 3-тото место.

Честитки за освоените подиуми и двете 7-ми места за гевгелиските мотокросисти!