петок, 14, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Цветници – денот на цвеќето, среќата и љубовта

Радосен ден од Православниот календар е денот Цветници, познат по тоа што го означува денот кога Исус Христос влегол во Ерусалим

април 28, 2024
in MАКЕДОНИЈА, ФОКУС
Цветници – денот на цвеќето, среќата и љубовта
0
SHARES
59
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Радосен ден од Православниот календар е денот Цветници, познат по тоа што го означува денот кога Исус Христос влегол во Ерусалим, градот во кој по неколку дена ќе биде погубен.

Пречекувајќи го Исус, воодушевениот народ со цвеќе, со палмови гранчиња, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Благословен е оној кој доаѓа во името Господово“. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара, еден ден пред Цветници, на Лазаревата сабота.

Related posts

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

август 12, 2026

Исус во Ерусалим влегол качен на магаре. Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што и Исус му служел на народот.

Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението.

Во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, празникот Цветници е востановен уште од најрани христијански времиња, а свечено се одбележува од 3 век.

Цветници е радосен празник, ден кога се слави, се шири среќа и љубов, а во различни земји има различни обичаи. Ова е единствен празник на кој се препорачува да работите, да започнете некој проект, денот да го започнете рано, да наберете цвеќе и да го украсите домот со него.

Црквата „Свети Кирил и Методиј“ уште од синоќа е во празнично украсен амбиент при подготовката за свечен дочек на празникот Цветници. Утрово овде се одржа Свечена архирејска литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски Агатангел во сослужение на епископ Велички Никола и многубројното свештенство од Гевгелија.

Нека ни е за многу години величествениот празник и триумфалното влегување на нашиот Господ Исус Христос во Ерусалим !

ShareTweetShareSend
Previous Post

Обраќање на Елизабета Стефановска – Кандидат за пратеник од СДСМ Гевгелија

Next Post

Хуманитарна трка за болните од ПХ одржана во Гевгелија

Next Post
Хуманитарна трка за болните од ПХ одржана во Гевгелија

Хуманитарна трка за болните од ПХ одржана во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВЕЛИКИ ПЕТОК  во Гевгелија

ВЕЛИКИ ПЕТОК во Гевгелија

4 месеци ago
ВИДЕО: ПРВОМАЈСКИ  ТРКИ во СТОЈАКОВО

ВИДЕО: ПРВОМАЈСКИ ТРКИ во СТОЈАКОВО

1 година ago
Иван Калковалиев и Крсте Арабаџиев – победници на Валандовска „Ракијада 2024“

Иван Калковалиев и Крсте Арабаџиев – победници на Валандовска „Ракијада 2024“

2 години ago
ПЕХАР за ПРВО МЕСТО екипно и освоени 8 медали за КК „Дојран“ на WFK турнир во Романија

ПЕХАР за ПРВО МЕСТО екипно и освоени 8 медали за КК „Дојран“ на WFK турнир во Романија

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Пожарот на Халкидики изгоре 3.500 хa, најмногу во Сивири, Фурка и Касандра
  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Пожарот на Халкидики изгоре 3.500 хa, најмногу во Сивири, Фурка и Касандра

Пожарот на Халкидики изгоре 3.500 хa, најмногу во Сивири, Фурка и Касандра

август 14, 2026
Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist