За две години како настапува на атлетски трки во земјата и странство има освоено 14 медали, 10 златни за освоено прво место и 4 сребрени за освоено второ место. Има само 11 години а атлетиката му е терен за победи.
Максим учествувал на 14 трки, од кои пет во Грција, една во Србија и преостанатите во Македонија. Речиси секаде се натпреварува со учесници две-три години постари од него.
Досега Максим победил на трки во Врање, Србија, во Вегоритос, Ваптистис, Кукуш и Вавдос во Грција, а во Катерини, во Нео Агионери и во Кукуш заврши како втор. Најдобар бил и во трките во Гевгелија, Струга, Кавадарци и други.
Последната победа ја оствари на трка во Грција, каде се искачи на пиедесталот за освоено ПРВО место.
Негов тренер и посветен ментор е познатиот атлетичар Тодор Анчев со кој речиси на сите настапи заедно освојуваат подиуми, во своите категории.
И двајцата се членови на АК „7-ми Ноември“ Гевгелија.
Максим Ангов имаше само девет години кога првпат ја почувствува радоста што ја носи победата. Беше прв на трката „7 Ноември“ во Гевгелија, на која учествуваше благодарение на тогашниот наставник по физичко, а сега и негов тренер Тодор Анчев. Оттогаш ова темпераментно момченце вредно тренира, па освен што е одличен ученик во петто одделение во основното училиште „Петар Мусев“ во Богданци, каде што живее со семејството, тој веќе има освоено голем број награди на трки во Македонија и во странство.
Максим Ангов е роден на 18 јануари 2013 година во Струмица, живее со своето семејство во Богданци, а победува во Македонија и соседните земји каде настапува на атлетски натпревари.
– „Му посакувам да продолжи да тренира со овој жар, бидејќи пред него е блескава иднина“ – изјави неговиот тренер Тодор Анчев.
Лесни нозе во нови победи!