Спасени се трите лица кои заедно со седумгодишно дете вчера планинарејќи, го згрешиле патот и залутале на стрмно место меѓу селото Кожле, на патот кон Велес, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Оттаму велат дека тројцата планинари со детето биле спасени доцна во ноќта, после полноќ, со помош на тим на спасители на вода од доброволно друштво од Велес со кое ЦУК соработува за вакви ситуации, кои некаде кај Катланово се спуштиле во реката Пчиња, за да ги префрлат планинарите од другата страна на брегот, под самиот автопат Скопје-Велес. Акцијата за спасување, како што посочуваат од ЦУК завршила успешно и лицата безбедно биле качени на автопатот.
Според директорот на ЦУК, Стојанчо Ангелов кој синоќа бил дел од спасувачката акција во видео обраќање рече дека тројцата планинари, односно две жени, еден маж и дете, на возраст од 29, 18, 35 и 7 години се обиделе од десната страна на брегот на пчиња од врвот на ридот да се спуштат кон манастирот Мала Богородица кој се наоѓа над клисурата веднаш под автопатот Скопје-Велес.
- „За жал, водејќи се по џи-пи-ес ја промашиле патеката и се заглавиле на стрмните падини и побараа помош на бројот 112. Спасителите не можеа да дојдат до нив, една карпа не дозволуваше да се пристапи до нив. Но, тие се пробија до десната страна на брегот на реката Пчиња. До нив не можеше да се дојде по земјен пат. Затоа доброволното друштво, спасители по вода со спасителен чамен кај Катланово се спуштија во вода и 300 до 500 метри над манастирот Мала Богородица беа пронајдени и префрлени од другата страна на брегот“, вели Анѓелов.
Инаку Регионалниот ЦУК Велес веднаш комуникациски координираше за пронаоѓање со СВР Велес, ДЗС Велес и Општина (ЕЛС) Велес, по што од Велес дојде од општината и Тим спасители на вода од доброволното друштво „Македонски спасител безбедност на вода и планина Велес“ со специјален спасувачки чамец,.
Двајца од залутаните биле од Дојран, двајца од Скопје – МВР денеска опладне го откри идентитетот на залутаните планинари кај манастирски комплекс кај р.Пчиња, во атарот на с.Кожле, Општина Петровец, тоа се: М.Д.(30) и Х.Д.Д.(18) двајцата од Дојран, А.С.(46) и еден 7 годишен малолетник, двајцата од Скопје.