Малите фудбалери, генерација 2013/14 синоќа го имаа својот финален дуел на фудбалскиот меморијал „Никола Гелебешев“ на игралиштето „Партизан“ во Гевгелија.
Среќата да го понесе епитетот победник го имаше тимот „У-10“ кои после нерешениот дуел со тимот на „Џоко-Чона“ беа подобри во изведувањето на пеналите и победата беше нивна.
Ова е лицето на среќата!
Изиграно за победа на турнирот во мал фудбал „Никола Гелебешев“.
Вториот меморијален турнир во мал фудбал „Никола Гелебешев“ продолжува и вечерва со големо финале во кои ќе ги дознаеме победниците на останатите четири категории кои се натпреваруваат за победничкиот пехар: генерациите 2005/06, ген. 2009/10, ген. 2011/12 и генерација 2015/16.
На теренот ќе настапат финалистите:
– (20:30) „Џокер“ Фурка – ФК „Кожуф“ (ген. 2015/16)
– (21:00) „КМХ“ Валандово – „Џокер“ Фурка (генерација 11/12)
– (21:30) „Скара Бар Тире“ – „Ботаник“ (генерација 09/10)
– (22:00) „Мики Џа“ – Авто Школа „Прима“ (генерација 05/08)
Им посакуваме спортска среќа на сите, нека победат најдобрите!
Честитки за 10 годишните прваци од тимот на „У-10“!
Честитки и за издржливата игра на второпласираниот тим „Џоко-Чона“!