Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри.
Во четвртфиналето Ѓоковиќ го совлада Стефанос Циципас со 2:0, по сетови 6:3, 7:6(3).
Новак во петок за финалето ќе игра против Италијанецот Лоренцо Музети.
Два часа и три минути траеше натпреварот на стадионот „Филип Шатрије“.
Новак релативно лесно го доби првиот сет, а потоа во вториот ја видовме целата драма што може да ја пружи тенисот.
Новак се лизна во вториот натпревар и повторно го повреди десното колено, кое го оперира пред Олимписките игри. Два пати побарал лекарска помош, земал и лек против болки, но јасно се гледало дека се бори со повредата.
Тоа го искористи Циципас и стигна до водство од 4:0, а потоа и од 5:2. Гркот имаше три врзани сет топки, но Новак за чудо се врати во мечот.
Тенисерите влегоа во тај-брејк, Циципас прв стигна до мини-брејк, но потоа Новак го доби мечот со серија 7:1.
Вчера Новак испишa нов рекорд, тој сега со 37 години и 10 денови е најстариот учесник во четвртфинале на тенискиот турнир на Олимписките игри од враќањето на „белиот спорт“ на програмата во Сеул во 1988 година.
Интересно, сега Ѓоковиќ е двоен рекордер на Олимписките игри како најмлад и најстар учесник во четвртфиналето. До првиот успех стигна на Игрите во Пекинг во 2008 година.