Извонреден настап на тројца атлетичари од Атлетскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија на трка во Јанина, Република Грција.
Дарко Прошевски, Драган Ристов и Благојче Темелковски се атлетичарите кои настапија на спортскиот митинг во Јанина каде денеска се собраа 2.078 спортисти, тркачи.
Сите тројца трчаа траса од 30,3 километри, исцрпувачка атлетска тура на која учествуваа 2078 спортисти кои излегоа на стартот, бројка што е рекордна за платен настан. Динамичката прошетка од 30 километри, околу езерото во Јанина ја следеа, покрај бројната публика, и 89 лица-контролори.
Гевгелиските атлетичари ги постигнаа следните резултати:
Најдобро време постигна Прошевски Дарко со резултат од 2:31:47 часа,
Следува Драган Ристов со истрчано време 2:56:15 часа.
Трката „Ioannina Lake Run“ се одвиваше околу езерото Памвотида околу кое се наоѓа атарот на местото Јанина.
Драган, претходниот ден настапи и на трката од 5 километри за мажи.
Еве дел од атмосферата на стартот од трката.
Еве дел од атмосферата на тркачката стаза околу езерото Памвотида:
Влез на Целта и овации од присутната публика за Дарко Прошевски.
Трката „Ioannina Lake Run 2024“ годинава одбележува свое полнолетство, со тоа што се организира 18-та година по ред.
Гевгелиските атлетичари по втор пат учествуват на спортскиот настан во Јанина.
Се’ на се’, успешен настап на гевгелиските атлетичари кои ја претставија атлетската сила на АК „7 Ноември“ и на Македонија меѓу многубројната меѓународна конкуренција во соседна Грција!